
Денес ќе започне пролетната полусезона од првата кошаркарска лига на Македонија со натпреварите од 13. коло, кое ќе се комплетира утре.
Денес ќе бидат одиграни два натпревари од кошаркарската елита на Македонија во Новата 2025 година. Екипата на ТФТ Скопје на домашен терен ќе игра против Гостивар и ќе сака враќање на победите и со тоа позитивно да го отвори пролетниот дел, откако 2024 година ја заврши со два порази во низа. Од друга страна Гостивар пак успешно ја затвори ланската подина со две победи во низа и тоа ќе го бара и денес против фаворитот.
Чаир пак ќе се соочи со тимот на Феникс каде тимот на Чаир е во голема резултатска криза и ќе сака излез од истата и успешно да ја отвори новата година и пролетниот дел, откако есенскиот дел го затвори со четири порази во низа.
Утре, кошакарите на Работнички на домашен терен ќе бараат победа после двата порази во низа против тимот на Шкупи, во меч каде најтрофејниот клуб ќе биде фаворит за триумф, а со тоа и враќање на победничите патеки, доколку биде оправдата фаворитската улога, тоа ќе значи осми триумф за Работнички.
Куманово повеќе од успешно ја затвори 2024 година со пет од пет на последните натпревари и ќе сака продолжува на оваа победничка низа и во 2025 година против тимот на Тиквеш во Кавадарци, кој пак има три порази во низа. Екипата на Куманово има само бод негатива во однос на лидерот и актуелен шампион МЗТ Скопје.
Вардар ќе игра против екипата на Кожуф, а дербито на колото ќе го одираат МЗТ Скопје и Пелистер, каде триумфот им е важен и на двете екипи.
Александар Ванев, М-Нет