
Ракометниот прволигаш Младост од Богданци за пролетната полусезона во која ќе води борба за влез во Супергалита се засили со Борјан Цековски на позицијата кружен напаѓач.
19-годишниот ракометар од Свети Николе изминатата полусезона настапуваше за суперлигашот Куманово, од каде доаѓа како позајмен играч за пролетниот дел во тимот од Богданци, а претходно Цековски настапуваше и за Радовиш.
„Потпишувањето на договорот со Цековски ќе биде од големо значење за нашиот сениорски тим во борбата за влез во Суперлигата. Се работи за силен корпулентен и добро технички подкован играч од кој се очекува да биде еден од предводниците во нашиот тим“, се вели во соопштението на Младост од Богданци.
Во следниот период клуб ќе промовира уште неколку засилувања, а целта е влез во Суперлигата.
Александар Ванев, М-Нет