
Тоа што го најавивме во текот на вчерашниот ден се оствари, штипјанецот Анџело Николовски и офицјиално е претставен како нов фудбалер на Македонија ЃП, есенскиот шампион во Втората македонска фудбалска лига.
Николовски во редовите на Македонија ЃП пристигна од Детонит Плачковица од Радовиш, каде настапуваше од август 2023 година и беше еден од носителите на играта. Во својата кариера покрај за радовишкиот клуб има настапувано и за штипска Брегалница, Кит Го од Пехчево и Гостивар.
Македонија ЃП е лидер во Втората лига и во пролетниот дел сака да го потврди првото место, а со тоа и да се врати експресно во Првата македонска фудбалска лига. „Лавовите“ имаат 38 бодови на своето конто, пет повеќе од Брегалница која е втора, а пролетниот дел Македонија ЃП го отвара против Охрид на гостински терен.
Александар Ванев, М-Нет