Македонија одлично парираше против Хрватска, но загуби на последниот тест пред Светското првенство, Лазаров задоволен!

ФОТО: РФМ

Ракометарите на Македонија претрпеа пораз на последниот пријателски меч пред Светското првенство од селекцијата на Хрватска, која е еден од домаќините на Мундијалот со 27:25, а на полувреме Македонија имаше предност од 13:14. Избраниците на Кирил Лазаров беа одлични во текот на мечот, со солиден отпор и во текот на целиот меч беа рамноправни, но на крајот беа поразени со два гола разлика.

Натпреварот се играше во Вараждин, па овој меч ќе биде и прилагадување на натпреварите кои ќе ги играме на Светското првенство, бидејќи нашите ракометари натпреварите ќе ги одиграа во овој хрватски град, кој за Македонија носи позитивни искуства од минатото. Најефикасен играч на натпреварот беше репрезентативецот на Хрватска, Звонимир Срна со шест гола, додека во македонската репрезентација со по четири гола најдобри беа Жарко Пешевски и Ненад Костески.

Селекторот Лазаров вели дека е задоволен од натпреварот, додава дека поразот не го загрижува.

„Задоволен сум од натпреварот, она кое го сакавме го видовме во Вараждин во еден меч кој се одигра во убава атмосфера. Не ме загрижува поразот. Мислам дека бевме доста добри со добар противник. Имаме уште две подготвителни средби до Светското првенство и мислам дека ќе влеземе спремни на настанот“, изјави Лазаров.

Македонија е во групата Д првиот меч го играме на 15. јануари против Унгарија, на 17. јануари ќе се соочиме со Холандија, а на 19. јануари против Гвинеја. Очекувањата се дека Македонија ќе ја помине групата и ќе обезбеди следна фаза од Мундијалот, кој започнува на 14. јануари, вторник, а домаќини покрај Хрватска се и Данска и Норвешка, учество земаат 32 селекции.

Александар Ванев, М-Нет