
Течат последните подготовки пред и официјално да биде пуштена во употребата новата детска градинка во Кочани. Од технички аспек се завршени сите работи, на последната Седница на Совет на Општина Кочани се даде зелено светло за барање за издавање решение. Заменик министерот за сцијална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, посочи дека во најбрз временски период работите ќе бидат завршени и градинката ќе започне со работа.
„Градинаката во Кочани беше голем проблем кој го затекнавме и повеќе од година ипол имаше проблем со градежните работи. Но, навистина направивме максимални напори да градинката денеска е комплетно средена од технички аспект. На последниот Совет на Општина Кочани е дадена согласност да се испрати барање до Министерството за социјална политика, демографија и млади за издавање на решение.“ – вели Велковски.
Во оваа градинка треба да бидат вработени 21 стручен соработник, доволно за да започне градинката со згрижуување на децата. Велковски вели дека се прават напори за да се откочи процесот и граѓаните да може да добиваат лиценци, а со тоа и да бидат вработени на испразнетите работни места во детските градинки.
„Веќе се добиени позитивни позитивни согласности од Министерствто за финансии, вкупно на број 21, за 21 стручен соработник и друг технички персонал во градинката кои ќе бидат доволно за отпочнување на згрижување на децата токму во тој објект. Треба да се издаде решението само за употребната вредност на детската градинка.“ – додава Велковски.
Детската градинка во Кочани е со капацитет од 112 децичња, а ќе има и групи јасли. Со ова ќе се намали листата на чекање на дечиња кои треба да бидат згрижени.
Детската градинка во населба Драчевик во Кочани започна да се гради пред повеќе од четири години.
Лаура Стојанова М-Нет