
До средината на месец мај ќе бидат познати имињата на кандидати за градоначалници. Во меѓувреме, општинските комитети веќе имаат предлози, а од средината на овој месец ќе почнат анкетите односно мерењата. Дали градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, ќе влезе во трка за втор мандат сѐ уште е незивесно. И покрај тоа што резултатите се позитивни и направеното е видливо, како што посочи премиерот Мицкоски, конечна одлука сѐ уште нема.
„Јас мислам дека Иван овде во Штип направи голема разлика кога би се споредило со неговите претходници. И очекува така да продолжи во перидот кој е пред нас до почетокот на кампањата. Што се однесува до останатите кандидати за градоначалници во другите општини, сѐ уште како партија и како коалиција не сме донеле конечно одлука. Во моментот е во тек внатрепартиската дебата. Веќе се пристигнати предлози имиња кои ќе се најдат на анкетата. Започнуваме во втората половина од јануари да мериме интезивно, а веќе до средината на месец мај ќе се знаат имињата.“ – вели Мицкоски.
До почетокот на изборната кампања, градоначалниците имаат можност да реазлизираат дел од своите ветени проекти. Јорданов посочи дека во Штип реализацијата на проектите продолжува интезивно и во наредниот период.
Лаура Стојанова М-Нет