
Поставен камен темелникот за изградбата на резервоарот Прегбег во Штип. Со реализација на овој проект кој е само еден дел од Линија 2, целосно ќе се нормализира водоснабдувањето во високите зони во градот. Населбите Пребег, Три Чешми, Железничка и дел од Чардаклија нема да остануваат без притисок или без вода за пиење во наредниот период.
„Резервоар Пребег, со капацитет од 1500 метри кубни со кој ќе го решиме деценискиот проблем со вода за пиење кој го имаат населбите во високата зона на градот, Прегеб, Железничка, Три Чешми и дел од Чардаклија. Ова е капитален проект за општината, се надевам дека ќе биде изграден во предвидениот рок. Ова е само еден дел од линија 2 за да може да биде целосно функционален овој водоснабдителен објект.“ – вели Арсовски.
Изградбата на резервоарот Пребег е од големо, капитално значење за општината. Вреден е повеќе од 40 милиони денати пари кои се од самопридонесот, односно пари кои некогаш ги собирале штипјани и долго време стоеа замрзнати на сметка.
„Еден долгогодишен проблем на жителите на Општина Штип кој полека но сигурно се надминува. Со изградбата на овој главен резервоар ќе успееме да ја нормализираме состојбата. Инвестицијата која е од самопридонесот е нешто повеќе од 40 милиони денари за овој главен резервоар.“ – вели Јорданов.
Изградбата на резервоарот Пребег треба целосно да биде завршена до месец септември оваа година.
Лаура Стојанова М-Нет