
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повеќе од сигурно станува дека ќе го напушти Лајпциг, но и дека е на пат да се врати назад во Серија А.
За македонскиот „дијамант“ повеќе екипи пројавуваат интерес и го сакаат Елмас во нивните редови, во редот на заинтересирани екипи се турските Галатасарај и Фенербахче, а тука е и италијански Наполи, но сега интерес покажа и Лацио, а веќе била пристигната и понуда од овој италијански клуб за македонскиот репрезентативец.
Лацио сака да обезбеди место во Лигата на шампионите, сака да го засили средниот ред, а Елмас е идеална шанса за тоа, кој со своето искуство ќе треба да го засили Лацио на патот кон остварување на целите.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Алекс Златков, одлучи да се врати во Словенија, каде ќе настапува за тимот на Бриње.
22-годишниот фудбалер, претходно беше дел од Шкупи, потоа заигра и за Македонија ЃП, но сепак, за кратко следуваше преселба, а Златков сега ќе игра во Втората лига на Словенија, а претходно пак настапуваше за Триглав и Крањ, екипи од Словенија.
Екипата на Бриње се наоѓа на 5. место на табелата со 29 бодови или четири помалку од лидерот Горица, а Златков ќе треба да помога во обид неговиот нов тим да дојде до промоција во Првата лига на Словенија.
Александар Ванев, М-Нет