
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува кроењето на ростерот за пролетната полусезона во која главна цел е директен и сигурен опстанок.
Давид Велковски нема да продолжи во Вардар, откако двете страни се разделија. 24-годишниот од Свети Николе не успеа да избори редовна минутажа оваа сезона, настапувајќи само на четири натпревари во ПМФЛ, во кои одигра само 91 минута. Поради тоа, донесе одлука да го напушти Вардар и да се посвети на нови предизвици.
Велковски беше со најдолг стаж во Вадрдар во актуелниот состав на клубот, откако во 2018 година започна да игра за младинците, а во 2019 година беше приклучен во првиот тим.
Како што веќе информиравме Вардар досега се засили со Димитар Тодоровски, Мите Цикарски, Михаил Маневски, Ѓорѓие Јанкулов и Михал Пинтер. Додека пак трансферот на Едиз Спахиу се уште се чека да се потврди, а многу веројатно е дека Вардар на голманската позиција ќе се засили со Давор Талески од Шкендија.
Александар Ванев, М-Нет