Беласица ги договори пријателски натпревари, подготовките започнуваат во четврток!

ФОТО: М Нет телевизија

Струмичкиот второлигаш Беласица, на 9 јануари ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига. Шефот на стручниот штаб, Александар Стојанов, ќе ја одржи првата прозивка со играчите, по што тимот ќе започне со интензивни тренинзи.

Во текот на зимските подготовки, Беласица ќе одигра шест пријателски натпревари преку кои ќе се проверува формата. Првиот дуел е закажан за 17. јануари во Струмица против тетовскиот прволигаш Шкендија.
Следуваат натпревари со Вардар Неготино на 22. јануари, Детонит Плачковица на 25. јануари, и Струмска Слава од Бугарија на 28. јануари. На 1. февруари е планиран дуелот со Кожуф, а подготовките ќе завршат со пријателски натпревар против бугарски Септември Симитли на 8. февруари, па овој меч ќе биде и „генералка“.

Во есенскиот дел од сезоната, Беласица го зазеде 10. место на табелата со 19 бодови и ќе се стреми за подобар пласман на табелата во пролетниот дел.

Александар Ванев, М-Нет