Алкалоид го договори првото засилување, Куманово промовираше нов ракометар!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Лидерот во ракометната Суперлига, Алкалоид, за пролетниот дел го договори првото засилување, станува збор за Мартин Ивановски, кој игра на позицијата среден бек.

Во Автокоманда доаѓа од редовите на Еурофарм Пелистер 2, ланскиот суперлигаш од Битола заврши без пораз во Првата лига и сака експресно да се врати во ракометната елита на Македонија. Претходно, Ивановски настапуваше и за тимот на Охрид.

Куманово дефинитивно е најактивен на трансфер пазарот, откако го претстави Стефан Лазаревски како нов играч, кој е роден 2007 година.

Во својата кариера бил дел од младински категории на Драчево, РК Будимир, Аеродром, РК Вардар и РК Голден Арт каде во својата возрасна категорија бележи одлични настапи и игра на високо ниво на ракометните терени. Новото засиување на Куманово е високо 183 сантиметри и тежок 100 килограми.

Во пролетниот дел Куманово сака ран опстанок и висок пласман во плеј-аутот.

Александар Ванев, М-Нет