Деветгодишни ученици од ООУ,,Тошо Арсов“ спасиле човечки живот, посебно горди наставниците

Деветгодишните Марко Ташков, Ристе Димитров, Михаил Трајчев и Давид Илиев од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија возрасен маж. Пред три дена додека играле фудбал во паркот во населбата Осми Ноември забележале како дедето на нивно другарче од училиштето паѓа во безоснание, додека станува од клупата, по што веднаш реагирале.

„Ние игравме фудбал и еден дедо седеше на клупата и стана да се прошета и падна. Ние право истрчавме да му помогнеме и две деца отидоа да ја викнат неговата жена, ама таа не беше дома и тројца седеа со него. Звонивме на брза помош, таа дојде”, велат дечињата

Дека ваквиот гест покажува колку тие од мала возраст се хумани, согласни се и наставниците, кои посебно се горди на нив.

Инаку настанот се случил пред три дена, а истиот се случил додека децата другарувале и играле фудбал. Случајно забележале како лежи во бесознание возрасен маж, па со голема храброст и хуманост успеале да спасат човечки живот.

Лаура Стојанова, М-Нет