Штипјанецот Дарко Стојанов е нов играч на третолигашот Слога Виница

Третолигашот Слога Виница го претстави и Дарко Стојанов како ново засилување, 34-годишниот штипјанец во тимот на штипскиот стратег Емил Грнев доаѓа од радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица.

Во својата кариера покрај за Детонит Плачковица, Стојанов има настапувано и за Гостивар, Вардар, Брегалница ,Ренова, Борец, Хоризонт Турново, Беласица, Маџари Солидарност и Дунав Русе од Бугарија.

Слога Виница е есенски шампион во Трета лига – Исток и лесно ќе се прошета во пролетниот дел, па фокусот ќе биде ставен на баражот за Втора лига.

Претходно, тимот се засили со Иван Настевски, Тони Мирчевски, Филип Николовски и Љупче Христовски.

Александар Ванев, М-Нет