Башкими се засили со Мемеди и голманот Јашар

Второлигашот Башкими се засили со Аљбан Мемеди и голманот Амир Јашар.

21-годишниот Мемеди доаѓа од редовите на прволигашот Воска Спорт, а има настапувано и за Детонит Плачковица, Лириа во Косово, Шкендија и Милано.

33-годишниот голман Јашар во Башкими пристигна од Вуштрија од Косово, има насстапувано и за екипите Гостивар, Влазнија во Косово, Вардар Форино, Тетекс, Скопје, Генч Калемер, Шкупи, Шкендија и Велазерими.

Во следниот период сигурно е дека Башкими ќе се засили со уште неколку играчи. Башкими во пролетниот дел ќе води борба за Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет