
Се уредуваат тротоарските површини на ул. Јајце во населбата Баби во Штип. Имајќи во предвид дека населбата од почетокот на градењето нема тртоарски површини, сега поставувањето на истите ќе претставува одлична можност за минувачите и пешаците. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека за ваквата реализација од буџетот на општината се издвоени повеќе од 900 000 денари со цел поголема безбедност на пешаците и на возачите.
“Се наогаме на улицата Јајце во населба Баби овде се уредувааат тротоарски површини на истата оваа улица. Повеќе од 900 000 денари се издвоени од буџетот на Општина Штип за уредување на тротоарските површини на оваа улица. Морам да истакнам дека поголем дел од населбите на територија на Општина Штип кога биле градени, немаат уредено тротоарски површини. Во насока на уредување на истите во програмата на Општина Штип се опфатени повеќе десетина улици, кои што и до крајот на оваа година, но и во 2025 ќе бидат уредени. Верувам дека истите ќе бидат во корист на пешаците кои што се движат на овие улици. Населба Баби е една од населбите, која што откако била изградена не биле уредени тротоарските површини, така да таа е една од населбите во која што е планирано да се третираат и уредуваат тротоарите, но не само оваа, така ќе се продолжи и во периодот кој што ќе следи и во останатите нааселби од нашиот град.“; вели Јорданов
Работните активности продолжуваат и понатаму. Се работи и во населбите Сењак 4 и во населбата Дузлат со цел да се уредат тртоарите и улиците,
„Како што знаете се работи и во населба Сењак 4, населба Баби, Дузлак и верувам дека ќе успееме поголем процент од улиците кои што и населбите кои што некогаш биле направени и изградени да бидат комплетно уредени со асфалтна маса и тротоари. „, додава Јорданов
Со ваквата реалнизација, покрај за пешаците, ќе се овозможи и олесување во сообраќајот за возачите, имајќи во предвид дека од сега граѓаните ќе се движат по уредените тртоарски површини.
Лаура Стојанова, М-нет