Кузмановски: Расположението во репрезентацијата и мотивацијата пред СП се на највисоко ниво!

ФОТО: РФМ

Македонската ракометна репрезентација ги продолжува подготовките за Светското првенство, а во рамки на подготовките нашите ракометари одиграа и пријателски меч против РК Нови Београд кој го добија со 85:44 во меч со трипати по триесет минути.

Македонските репрезентативец Филип Кузмановски вели дека расположението во репрезентацијата и мотивацијата пред Светското првенство се на највисоко ниво.

„Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво. Пред нас е уште едно големо првенство. Сите знаеме колку беше тешко да дојдеме до него и колку сите напорно работиме за да бидиме дел од овој колектив. Од прв ден почнавме со анализа на нашите противници. Ќе се соочиме со квалитетни репрезентации, мораме да бидеме добро подготвени, и физички и тактички. Ќе имаме доволно време да се спремиме до стартот на првенството. Во следниот период ќе одиграме и контролни натпревари на кои ќе можеме да го пробаме сето она што го подготвуваме за нашата група.“

Македонија е во групата Д, заедно со репрезентациите на Унгарија, Холандија и Гвинеја. Натпреварите ќе се играат во Вараждин, Хрватска.

Александар Ванев, М-Нет