Новогодишни честитки- практики од минатото, денес само сеќавање кое буди многу емоции

Новогодишни честитки веќе подзаборавена практика кај граѓаните на Штип. И додека од една страна без нив порано не можела да се замисли нова година, сепак од друга страна денес тоа е само сеќавање. Анкетираните за М-нет велат дека некогаш честитките пружеле многу љубов, дружба и празнична еуфорија, па како што истакнаа ги оставале пред вратите на своите блиски, ѕвонеле на звончињата и се криеле со цел да ги изненадат своите блиски. Сепак целата оваа приказна штипјани децидни дека многу недостасува.

Самите честитките избирале да бидат со новогодишни елементи, како дедо мраз, украсени елки, снег и многу волшебства кои давале многу убав приказ за самите празници.

Инаку, некогаш честитките биле од голема важност, преку кој се покажувала почитаа и љубовта кон ближните, посакувајќи новата година да им биде многу здрава, богата и убава.

Лаура Стојанова, М-Нет