Кривичната пријава за заканувачки пораки до началникот на Берово создаде реакции кај обвинетиот, вели пораките се навредувачки, а не заканувачки

,,Кривичната приава на началникот во Берово дека сум испраќал заканувачки пораки не е точна. Пораките се навредувачки“. Мехмет Усаинов од Општина Берово реагира за некоректна ситуација во која се наоѓа веќе со години. Пред камерите на М-Нет телевизија го раскажа случајот кој како што тој вели му остава траг за цел живот. Вели дека за случајот се запознати институциите, но од нив тој не добил никаква можност за да го истакне својот глас. Бара правда преку која тој ќе може да ја раскаже ситуацијата, за која тој е обвинет.

“Сакам да кажам дека кривичната пријава на началникот во Берово дека сум праќал заканувачки пораки не е точно. Пораките не се заканувачки, туку се навредливи со навредлива содржина на чии резултат од четири годишпнот малтертирање врз мене.Запознаени се повеќе институции во државата.”, додава Усаинов

Проблемот кој за него станал кошмар и за целото тоа тој да го докаже вели дека му се потребни тим на психијатри и психолози.

“По документи од 2012 година е ваквиот проблем. Јас се што зборувам поседувам огромна документација, која во моментот неможам да ја понесам со мене. Причина јас ја точно знам, меѓутоа како што кажав и претходниот пат во интерес на понатамошното постапување не сакам да дадам прецизна насока. Насоката ќе ја дадам таму каде што треба, односно кривична пријава има поднесено повторно до поголеми институции во државата, а се запознаени сите институции. Проблемот на кој начин и од кога сум јас малтертиран и на кој начин сето тоа го прават ми треба мене тим на психијатри на психолози така да има кој и да го разбере.“, додава Усаинов

Во согласност со ситуацијата, М-Нет телевизија се обрати до СВР Штип, а од таму посчуваат дека пријавата против обвинетот лице од Берово се со доказ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 18.12.2024 пријавениот испраќал смс пораки со заканувачки содржини кон началник на Берово.

Лаура Стојанова, М-Нет