Стефан Бабунски е првото зимско засилување на Брегалница, доаѓа од Детонит Плачковица!

Штипскиот второлигаш Брегалница го претстави првото зимско засилување за пролетниот дел од Втората лига, станува збор за Стефан Бабунски, кој во Штип доаѓа од редовите на второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш.

Настапува во офанзивните редови, каде ќе ја засили конкуренцијата, а во својата кариера 23-годишникот има настапувано за Еуромилк ГЛ, Брера Струмица, Плачковица, Каменица Саса и Детонит Плачковица од каде и доаѓа во Штип.

Во следниот период се очекува повеќе засилување во редовите на Брегалница, која есенскиот дел го заврши на второто место и во пролетниот дел ќе се бори да го сочува второто место или да го освои првото со цел да избори директен влез во Прва лига, а со тоа и експресно враќање во елитата.

Александар Ванев, М-Нет