Шампионот Форца доминираше во 2024 година на добар пат за одбрана на двојната титула!

ФОТО: Телевизија М Нет

Шампионот во Првата футсал лига на Македонија екипата на Форца доминираше во 2024 година. Ја освои двојната титула, а клубот е на добар пат да ја одбрани и двојната титула.

Во Првата футсал лига Форца доминираше со девет од девет и со тоа стана есенски шампион со максимални 27 бодови на своето конто. Тимот го има најдобриот напад со 68 гола.

Во пролетниот дел со шест бодови залиха во однос на Шкупи екипата на Форца тргнува да ја брани титулата во футсал елитата, додека пак во Купот стигна до четвртфинале, каде исто така ќе ја брани Куп титулата.

Тимот покрај одличната сезона во домашното првенство имаше одличен настап и во Европа, а тоа е повеќе од одличен мотив 2025 година да започне уште подобро на патот кон нов успех.

Александар Ванев, М-Нет