
На 20.12.2024 во 22.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека М.М.(33) од Македонска Каменица, при извршување на работни задачи во рудник, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.