
Вардар засега е најактивен на трансфер пазарот и веќе го договори третото зимско засилување, станува збор за 25-годишниот Михаил Маневски.
Левиот бек во Вардар доаѓа од кавадаречкиот прволигаш Тиквеш, а во својата кариера штипјанецот има настапувано и за Академија Пандев, Брегалница, Шкеднија, Силекс и Гостивар.
Како што веќе информираме и како што е познато Вардар се засили со стоперот Михал Пинтер, словачкиот интернационалец пристигна од Шкупи, како и со десниот бек Георги Јанкулов кој доаѓа од Брера Струмица.
Александар Ванев, М-Нет