
Срам е македонски полицаец да учествува во било какво поткупување, во иднина ќе следат постапки за истите, посочи денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Вели дека тие како МВР ќе покажат дека криминалот и насилството во Македонија се несиплатливи. Како што истакна само со дејствија на МВР во координација со јавното обвинителство ќе се врати надежта кај граѓаните.
“Порака за нечесните срам е за македонски полицаец да учествува во рамки на било какво поткупување на процесите, кои што треба да не доведат до крајот до правда и правичност и ќе следат во иднина постапки и за истите. Ќе покажеме дека криминалот и насилството се несиплатливи во Македонија.“, истакна Тошковски
Особена благодарност истакна министерот до сите граѓани кои што имаат трпение за целото тоа што тие го работат од аспект за враќање на надежта.
“Огромна благодарност до сите македонски граѓани кои што имаа трпение за сетоа ова што го работиме од аспект за враќање на надежта. Цениме дека ваквите дејствија на МВР особено во кординација и организација со јавното обвинителството, како основното, така и за борба против организиран криминал и корупција и те како ја враќаат надежта.“, додава Тошковски
Она што додатно го истакна министерот Тошковски е тоа дека само со правда и вистина може да се нормализира државата, бидејќи како што вели граѓаните тоа го заслужуваат и тоа време наскоро доаѓа.
Лаура Стојанова, М-Нет