
Идниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија го посети Општинскиот фудбалски сојуз во Штип од каде доби поддршка како единствен кандидат за претседател на ФФМ.
Омерагиќ е единствен кандидат за претседател на ФФМ, а тој треба да биде изгласан за нов претседател на ФФМ на изборното собрание кое е закажано за 22. декември годинава, откако претходно оставка си поднесе Муамед Сејдини.
Омерагиќ денешната средба ја искористи за запознавање и разменување на идеи и мислења за развојот на фудбалот.
Александар Ванев, М-Нет