
Расте бројката на производи кои ќе бидат опфатени во новогодишната кошничка, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски. На само два дена пред да започне оваа мерка, премиерот најави зголемување и сега бројката изнесува нешто повеќе од 800 производи кои ќе бидат во листата на новогодишната кошничка. Производите ќе бидат означени, додава Мицкоски, а ДПИ континуирано ќе ја следи работата на маркетите.
„На мое огромно задоволство, компаниите, трговците, производителите, дистрибутерите бројката на производи ја зголемуваат и истата е повеќе од 600 и сега е 800. Сите тие ќе бидат означени, а за тоа ќе се грижи ДПИ, кој што континуирано ќе ја следи работата на маркетите и очекувам семејниот буџет да биде заштитен со намалувањето на цените на овие производи.“, вели Мицкоски
Целта на владата е да се овозможи поголема можност на граѓаните да купуваат повеќе производи за пониска цена, додава Мицкоски
Инаку што се однесува до почнувањето, од 15 декември, тоа е за два дена и очекувам позитивни ефекти.“, додава Мицкоски
Инаку, мерката започнува од 15 декември и ќе трае заклучно цел месец, односно до 15 јануари, а со ова ќе се овозможи поголема заштеда или пак можност за купување на повеќе производи.
Лаура Стојанова, М-Нет