Дерби пресметка на Еурофарм Пелистер и Вардар, Тиквеш против Охрид, Радовиш на тешко гостување!

ФОТО: ФК Еурофарм Пелистер

Утре ќе биде отворено 15. коло од ракометната Суперлига со нтпреварот меѓу Прилеп и фаворитот Алкалоид. Повеќе од јасна е фаворитската улога на овој меч каде лидерот предводен од Кирил Лазаров ќе ја има улогата на голем фаворит за двата бодови.

В сабота се игра големата директна дерби пресметка меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и поранешниот двократен европски шампион Вардар.

Салата „Боро Чурлевски“ во Битола беше распродадена за само седум минути што е рекорд. Капацитетот на салата е 3.500 гледачите, а салата ќе биде исполнета до последното седиште со тоа што ќе бидат присутни двете навивачки група „Чкембари“ и „Комити“.

Шампионот подготвува и хумана кација, ќе бидат фрлани плишени играчи наметени за дечињата од ранливите категории.

Бисинов на домашен терен ќе има тежок меч против Пролет, екипа која се бори за место во плеј-оф па во Велес гледа само триумф. Струга и Куманово ќе се соочат покрај езерото во обид да триумф за стружани за излез од резултатската криза.

Тешко гостување го очекува „фенерџијата“ Радовиш кој ќе игра против фаворитот Бутел во Скопје. Радовишани ќе се обидат да направат изненадување за само прва сезонска радост, додека пак Бутел атакува на двата бодови за место во плеј-офот.

Александар Ванев, М-Нет