Белгија најдалечната дестинација каде штипјани ќе патуваат за дочекот на новата 2025 година

Белгија најдалечната дестинација каде анкетираните штипјани ќе патуваат за дочекот на новата година. Од останатите друг дел ќе патуваат во државата, најдалеку до Охрид, а трет дел остануваат во домашен амбиент или на плоштадот во Штип. И додека од една страна сите планираат каде за нова година, од друга страна други велат дека немаат никаков план, бидејќи месечните примања се ниски, а нивните желби сепак големи.

Во согласност со ситуацијата, кога станува збор за помладата популација најбарана дестинација за сега е Будва, а повозрасните избираат на некое поскладно место за нивната возраст, знаејќи дека секој период во животот има посебни приоритети.

Лаура Стојанова, М-Нет