КУД „Ристо Донев – Учителот“ утревечер со традиционалниот новогодишен концерт во Штип

Традиционално како и секоја година, КУД „Ристо Донев Учителот“ и годинава ќе организира Новогодишен концерт. Утреевечер во големата сала на НУЦК „Ацо Шопов“ Штип граѓаните ќе може да уживаат во богато подготвената музичка програма. Почетокот е од 18 часот. На концертот покрај КУД „Ристо Донев“, ќе се престават и фолклорниот ансамб „Тиквеш“ од Кавадарци, како и народниот оркестар „ВЕЗ“ при ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип.

Концертот се организира поповод престојните новогодишни празници, а организаторите упатија покана до сите граѓани да присуствуваат на истиот и да уживаат во подготвената музика и богатата програма.

Новогодишниот концерт на КУД „Ристо Донев Учителот“ продолжи со својата традиција со завршувањето на ковид пандемијата, иако и во тоа време тие се обидао да ги задржат традицијата и фолклорот.

Лаура Стојанова М-Нет