
Дочек на Нова Година на плоштад – граѓаните согласни дека ова треба да биде пракса со цел сите да можат да се забавуваат и на соодветен начин да ја дочекаат Новата година. Повозрасните анкетирани граѓани во Штип согласни дека дочекот на новата година треба да биде организиран и на плоштадот Слобода, со што би уживале и тие, но и помладите генерации.
„Па треба нешто ново. Малдите да излезат, ние повозрасните. Мислам дека треба да има прослава за Нова година на плоштадот.“ – велат граѓаните.
Тие сведочат за едно минато, но според нив убаво време, кога имале повеќе пари, а трошоците биле помали. На тој начин велат секој си дозволувал да слави во ресторан, да оди на патување или заеднички со друштво да ја дочекаат Новата година.
Градовите од Истокот, секој со своја програма за нова година и со предновогодишна програма. Во Кочани се прават последните подготовки предофицијално да биде објавена програмата. Новогодишен базар, настап на повеќе естрадни уметници и тематски забави се планирани во периодот од 20 декември 2024 година до 14 јануари 2025 година. Општината ќе организира и дочек на новата година во паркот на револуцијата.
Низа настани пред Нова година ќе има и на плоштадот во Берово. Новата година ќе биде дочекана традиционално со огномети.
„Традиционално, детската градинка и старечкиот дом си организираат престави. За првпат годинава ќе имаме последниот викенд од декември новогодишен базар, а во сабота ќе има и концерт.“ – вели Пекевски.
Во Штип предновогодишната магија започна вчеравечер. Содржини се предвидени до пред Нова Година, а во перидоот од 20 до 27 декември ќе има и божиќен базар.
Со вакви активности и настани општините придонесуваат за разубавување на периодот пред празниците со што се нуди уживање за граѓаните и посетителите.
Лаура Стојанова М-Нет