Шкендија Арачиново есенски шампион во Трета лига – Север, БВК Коњаре забележа победа!

Шкендија Арачиново е есенски шампион во Трета лига – Север по победата од 6:1 против Аеродром во воведниот натпревар, како што веќе информираше М Нет телевизија.

БВК Коњаре ја затвори есенската полусезона со убедлива победа од 4:2 против Башкими Љуботен. Домаќинот имаше водство од 3:0 на полувреме благодарение на головите на Бишевац, Јусуфи и Бузаки, а во вториот дел гостите се вратија во игра со два гола на Курти и Јусуфи. Сепак, голот на Сами Аљиљи во 88. минута ја потврди победата за БВК Коњаре.

Во еден интересен натпревар, Куманово на домашен терен претрпе пораз од Њу Старс со 2:3. Гостите обезбедија важна победа во борбата за избегнување на опасната зона, а двата гола на Мартин Ацески во првото полувреме ги донесоа во водство. Куманово брзо реагираше по паузата и израмни на 2:2 преку Златковски и Шерифи, но Блажески постигна победнички гол за Њу Старс.

Натпреварот помеѓу Пчиња и Академија Илинден беше прекинат во 32. минута, кога гостинската екипа останала со само шест играчи. Пчиња имаше водство од 4:0, а Христијан Стојечвски постигна хет-трик, додека Михаил Цветковски постигна еден гол.

Еуромилк ГЛ ја затвори есенската полусезона со победа од 3:1 против Беса Влазими. Во првото полувреме, Ферди Исмаиловски постигна два гола, а во вториот дел Ахмед Бакијов донесе водство од 3:0. Фатон Нуредини го намали резултатот на 3:1.

Риниа го шокираше фаворитот Фортуна со победа од 3:2. Арифи беше двоен стрелец за домашниот тим, а Демировски постигна еден гол. За гостинот, Орхан Мифтар и Мирхат Емини беа стрелци.

Во последниот натпревар, Кадино победи со 4:2 против дебитантот Ржаничино. По првото полувреме во кое Ржаничино имаше водство од 1:2, Кадино израмни на 2:2 благодарение на Станковски, а со два гола на Виктор Бошковски ја осигура победата.

Александар Ванев, М-Нет