Младост 96 на врвот, штипски Шампион ФА на 4. место, Берово претпоследен во пинг-понг Суперлигата

Со девет одиграни кола заврши првиот дел од сезоната во пинг-понг Суперлигата во машка конкуренција односно есенската полусезона. На врвот од табелата со девет победи од девет натпревари и максимални 18 бодови заврши екипата на Младост 96 од Прилеп. Тотална доминација прилепскиот тим во првиот дел од сезоната.

Екипата на Крива Палнка заврши на второто место со 16 бодови, а толку има и Телеком Нец 2 кој е трет, со тоа што тимот на Крива Паланка има подобар учинок.

Екипата на Шампион ФА од Штип заврши на четвртото место со 15 бодови, а толку бодови има и Астраион од Струмица кој заврши на петтата позиција, со тоа што штипјани имаат подобар учинок.

На шесттото место заврши Пелагонија со 12 бодови, а толку бодови има и Радовиш кој е седми и екипата на Вардар која е осма. Екипата на Берово по девет одиграни кола има една победа и осум порази, а тоа е доволно за десет бодови и претпоследно место на табелата, а пак Младост е на последното место на табелата со седум бодови.

Без странци во своите редови во првиот дел од сезоната настапувале екипите на штипски Шампион ФА, Радовиш, Младост и Вардар.

Во пролетниот дел ќе се одиграат уште девет кола, а потоа ќе се игра бараж за опстанок и влез во Суперлигата, како плеј-оф натпреварите.

Александар Ванев, М-Нет