
Од вчеравечер Штип блесна во новогодишна бајка на повеќе локации во градот. Украсен плоштад, украсени улици, училишта, кејот на река Отиње, како и новото шеталиште кај улицата Ванчо Прќе. Со големо воодушевување штипјани за М-Нет велат градот наликува на едно волшебно место во кое покрај најмалите, среќни се и повозрасаните. И не само штипјани, туку и туристите во градот пријатно изненадени и задоволни од изгледот.
Покрај во градот, многу наскоро ќе бидат украсени и влезовите на градот од различнит страни, со што ќе се поставуваат елки и новогодишни украсе, а во програмата ќе има и пристигнување на Дедо Мраз, кој ќе дели пакетчиња на најмладите.
Лаура Стојанова, М-Нет