Трпчевски ќе им суди на Силекс и Вардар, Пилешков го доби дербито меѓу Шкендија и Гостивар

Во недела ќе се одиграат последните натпревари од 18-то коло во Првата македонска фудбалска лига, со што ќе се заврши есенската полусезона.

Судиите кои ќе ја делат правдата на овие натпревари веќе се познати. Игор Стојчевски ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Тиквеш и Брера Струмица кој се игра во Кавадарци, додека Александар Ставрев ќе го суди натпреварот помеѓу Работнички и Пелистер, а пак Фуркан Идризи ќе ја биде задолжен да ја дели правдата на мечот Беса против Шкупи.

Александар Грујоски ќе го суди дуелот помеѓу Струга Трим Лум и Воска Спорт, Димитар Пилешков ќе биде арбитер на натпреварот Шкендија – Гостивар, додека Стојанче Трпчевски ќе го суди дуелот Силекс – Вардар кој се игра во Кратово.

Сите натпревари од последното есенско коло на фудбалската елита на Македонија ќе започнат во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет