Крива Паланка доминира, шампионот Баскет Кам од Македонска Каменица е втор, во средината е делчевски Патриот!

По седум одиграни кола во Првата А женска кошаркарска лига екипата на Крива Паланка доминира со шест од шест и максимални 12 бодови на своето конто. Лидерот успеа да слави и во дербито со актуелниот шампион Баскет Кам од Македонска Каменица со што го превзема врвот од табелата, а шампионот од малото рударско гратче е на второто место со бод помалку или 11 бодови.

Кошаркарките на Бадел се наоѓаат на третото место со 10 бодови, Вардар е на 4. место со девет бодови, додека пак екипата на Патриот од Делчево се наоѓа на петтото место со осум освоени бодови со учинок од две победи и четири порази. Бод помалку или вкупно седум има екипата на МЗТ Скопје Аеродром која шестта, а на последното седмо место е Пробаскет со шест бодови.

Во однос на Првата Б женска кошаркарска лига Спорт Тим од Неготино е на врвот со 11 бодови, а толку има и Струга која е втора. Шкупи е на треттото место со 10 бодови, а по девет бодови имаат Охрид и Риниа кои го делат четвртото место. Гостивар е на 6. место со седум бодови, а пак Јанбор е последен со шест бодови.

Александар Ванев, М-Нет