Намалувањето на цените за новогодишните празници граѓаните го чекаат на дело, за нив ќе биде добра можност

Намалувањето на цените за време на новогодишните празници граѓаните го чекаат да се случи на дело. По вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, тие се во исчекување од 15 декември па заклучно понатаму цел месец да пазаруваат за пониски цени на 600 продукти во маркетите. Велат дека цените се високи и ваквата промена ќе биде добра можност за сите да си купат од се по нешто.

Друг дел велат дека намалување приметиле уште сега, ама како што додаваат не им значи ништо.

Инаку, новогодишната кошничка ќе важи во периодот од 15 декември до 15 јануари. Поризводите ќе бидат намалени и брендирани со што граѓаните ќе може да ги препознаат. Мерката се носи во соработка со трговците и производителите, и затоа нема да има казни туку само мониторинг.

Лаура Стојанова, М-Нет