
Пензионерите од урбана заедница Баби – Штип имаа можност да измерат очен притисок, крвен притисок и шеќер во крвта. Со ваквата активност која беше спороведена од една страна го проверија своето здравје бесплатно, а од друга страна имаа можност да поминат квалитетно време заедно.
„ Ова е по желба на претседателот на урбана заедница Баби, на некој начин зближување со пензионерите. Овде се и од медицинскиот факултет за да измереме притисок на очите.“ – вели Јаневски.
Во активноста учествуваа и студентите од медицинскиот факултет при УГД Штип. Придобивки од ваквите настани имаат и тие бидејќи како што велат има хумана вредност, но и пракса за нив.
„Во организација на факултетот за медицински науки овде сме во здружението на пензионери во населба Баби каде имаме за цел на пензионерите да им измериме очен шритисок, крвен притисок како и гликемија.“ – вели Жежова.
Претседателот на урбана заедница Баби, Ангелко Ристов, посочи дека стои на располагање за да се исполнат барањата на пензионерите од оваа населба.
„Организираме мерење на очен притисок во клубот за пензионери во населба Баби. За секое барање на нашите пензионери од насшата населба ние како урбана заедница стоиме на располагање“ – вели Ристов.
Редовните контроли и поголемата грижа за сопственото здравје се од големо значење и токму затоа се препорачува граѓаните да се грижат за себе си.
Лаура Стојанова М-Нет