
До крајот на овој месец регрес за годишен одмор ќе добијат и вработените во образование. Согласно Законот за исплата на К 15 тоа ќе биде во законски предвидениот рок, посочи денеска од Штип, министерката за образование и наука Весна Јаневска. Дополнително, посочи дека нема промени во календарот и зимскиот распуст започнува на 1 јануари. Децата на одмор ќе бидат до 18 јануари.
„Исплатата по Закон ќе биде во месец декември, значи исплатата ќе биде до 31 декември. Нема промени и во календарот односно зимскиот распуст ќе почне на 1 јануари и ќе трае до 18 јануари“ – вели Јаневска.
Инаку, учебната 2023 2024 година учениицте за првпат користеа и пролетен распуст во периодот од 29 април до 6 мај. Учебната година заврши на 17 јуни.
Лаура Стојанова М-Нет