Штип УГД и Струмица според планот, Весна Пробиштип се намачи со Скопје!

Фаворитите според планот во Првата одбојкарска лига на Македонија, откако Штип УГД без проблеми славеше над Македонија Џио, во меч каде штипскиот тим беше голем фаворит и доминираше во текот на целиот натпревар.

Во рамки на 11. коло висока и убедлива победа имаше и екипата на Струмица, откако шампионот со 0:3 без проблеми ја совлада Шкендија во Тетово.

Сушево на домашен терен немаше сили да направи изненадување против Вардар во меч кој заврши со 2:3 во сетови, а со овој резултат заврши и натпреварот меѓу Скопје и Весна Пробиштип.

Универзитет Тетово со 3:0 во сетови славеше над Јанта Волеј, а со ваков резултат славеше и Работнички над Лирија.

Во однос на табелата Струмица е прва со 27 бодови, но има меч помалку, Штип УГД е втор со 27 бодови. Борец е на треттото место со 23 бодови, Шкендија е четврта со 22 бодови. На дното е Јанта Волеј единствен тим без бодови.

Александар Ванев, М-Нет