Шкендија слави во дербито со Шкупи, Силекс ја декласираше Воска и потвди зошто сака титула, пораз за Вардар!

ФОТО: Александар Ванев | М Нет телевизија

Денес беа одиграни натпреварите од вонредното 16. коло на Првата македонска фудбалска лига, со што до крајот од есенската полусезона ќе останат уште две кола. Дербито на колото се играше во Тетово каде се соочија Шкендија и Шкупи, во меч каде и двете навивачки групи направија одлична навивачка атмосфера, а на крајот Шкендија беше подобра со 2:0. Домаќинот прв дојде до рана предност по само три минути игра, откако гол постигна Аденис Шала за 1:0, а со тој резултат се замина и на полувреме. Во вториот дел најдобриот стрелец во историјата на Првата лига, Бесарт Ибраими постигна погодок за двојна предност на Шкендија од 2:0, а тоа беше и конечен резултат.

Силекс на домашен терен ја пречека Воска Спорт во меч каде разиграниот домаќин мечот го отвори одлично за нови три бодови. Иако Силекс беше со играч помалку на теренот сепак домаќинот однесе висока и убедлива победа против Воска Спорт од 4:1 и тоа со играч помалку на теренот Силекс покажа допадлив фудбал и повеќе од јасно сериозно конкурира за титула.

Преку Дарко Додев домаќинот прв дојде до водство од 1:0, а потоа Ѓорге Џеков заработи црвен картон со што Силекс мечот го продолжи со играч помалку на теренот. Првиот дел во Кратово заврши со предност од минимални 1:0. Во вториот дел иако Силекс со играч помалку дојде до водство од 2:0 преку Леонид Игнатов. Јахији намали на 2:1 и ја врати неизвесноста во трите бодови, но многу брзо потоа Силекс преку Алиќ зголеми на 3:1. Веднаш потоа следуваше и четвртиот гол, а автор на истиот беше Донов.

Шампионот Струга на домашен терен го пречка битолски Пелистер каде стружани запишаа минимална, но важна победа од 1:0. Шампионот преку Кехинде дојде прв до водство во 17. минута од 1:0, резултат со кој се замина и на полувреме. Во вториот дел мрежите мируваа.

Работнички во Кавадарци ги освои трите бодови откако славеше со 0:2 над Тиквеш. Гостинот на полувреме имаше предност од два погоци, откако Мазари постигна гол во 7. минута за рано водство на „романтичарите“, а потоа Мазари со одличен гол во 37. минута ја дуплираше предноста на 0:2 на полувреме, а воедно тоа беше и конечниот исход.

Брера слави победа во Гостивар на Беса од минимални 0:1, со голот на Мато, откако во првиот дел мрежите мируваа.

Гостивар со 0:2 прослави победа над Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ и забележа голема и важна победа. Во првото полувреме немаше погодоци, во второто полувреме Дита го отвори резултат за водство на Гостивар од 0:1. Во финишот на мечот Ивановски постигна гол за конечни 2:0.

Во однос на табелата Силекс, Шкендија и Гостивар се во врвот со по 33 бодови, Работнички е четврти со 31 бод, а пак Струга е петта со 29 бодови.

Брера сега е шестта со 19 бодови, Шкупи и Пелистер имаат по 16 бодови. Беса останува на деветтото место со 13 бодови, а по 12 бодови имаат Вардар и Воска Спорт, а на дното останува Тиквеш со 10 бодови.

Александар Ванев, М-Нет