Пред Осогово се два клучни натпревари во борбата за опстанок во Втората лига!

До крајот од есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига остануваат уште две кола, а пред Осогово се два клучни натпревари, кој доколку ги добие би можел да биде и над бараж зоната, или да остане во истата но да има бодовна разлика во однос на опасната зона која директно води кон испаѓање во Трета лига, а притоа да е блиску до зоната која гарантиран директен опстанок.

Веќе овој викенд Осогово на домашен терен ќе игра дерби против Каменица Саса, екипа која ќе биде фаворит на овој натпревар. „Жетварите“ после големиот пораз од Новаци во претходното коло од 5:0 ќе мораат брзо да се рехабилитираат и да се враќаат на победничките патеки, бидејќи сериозно ќе се втурнат во комплицирана борба за опстанок како минатата сезона, кога во последното коло беше обезбеден опстанокот.

Иако Осогово е во долниот дел од табелата со лоша форма, во однос на Саса која е во горниот дел од табелата во многу добра форма, сепак на вакви дерби натпревари моменталната состојба на табелата и формата нема да имаат големо влијание, пред се затоа што се игра и за престиж. Саса врза четири победи во низа и сака петта победа во низа на тешкиот терен во Кочани.

Пред Осогово е уште еден клучен натпревар против Вардарски во последното коло во Богданци, каде практично „жетварите“ само триумф гледаат како опција против „фенерџијата“, бидејќи се друго ќе биде голем неуспех за Осогово.

Доколку Осогово ги добие овие два натпревари и ги освои последните шест есенски бодови, во тој случај може да се надева на излез и од бараж зоната, бидејќи ќе има 14 бодови на своето конто, но во таква комбинација ќе треба да се надева на кикс на Вардар Неготино, кој до крајот игра против Вардарски дома и има тешко гостување кај Арсими.

За време на зимската пауза многу работи ќе треба да се променат кај кочанскиот второлигаш, ако сака полесна пролет и тоа пролетниот дел го да го започне со триумф против Вардар во Неготино и на тој начин да врати за поразот од првото коло кога Осоговo загуби од Вардар Неготино на домашниот терен во Кочани, во секој друг случај Осогово ќе има тешка сезона кога е во прашање опстанокот.

Александар Ванев, М-Нет