Повеќе од шест децении штипјанецот Илија Макаренов чува гулаби, има над 200 и тоа го исполнува

Уште од шест годишна возраст Илија Макаренов од Штип како свое хоби ги има гулабите. Повеќе од шест децении во својот двор чува гулаби, се грижи за нив и тоа како што вели го исполнува и ден денеска. Секојдневно во одреден временски период од денот ги пушта гулабите, ги храни и се восхитува на нивната гледтка. Бараат доста посветеност, љубов и грижа, не е лесно вели Макаренов, но сепак додава дека за него преставува задоволство што ги има во голем број и што сѐ уште може да се грижи за нив.

Претходно заедно со неговите другари заедно одгледувале гулаби, но сега останал сам. Токму затоа не ги подготвува за натпреварување како некогаш, но децидно вели дека тие се дел од неговиот живот. Купува, продава, прави размена, и на тој начин го минува своето слободно време.

Различни видови гулаби можат да се најдат во двата објекта на Илија кои се наоѓаат во неговиот двор. Вели додека е во добра здравствена состојба ќе продолжи да се грижи за нив и да се восхитува на нивната глетка.

Лаура Стојанова М-Нет