
„Ќе го чекаме наредниот црн петок, за да го купеме неопходното.“ Анкетираните штипјани едногласни дека нема да се купува ништо за овој така наречен блек фрајдеј, бидејќи како што велат за М-Нет трошоците се поголеми од нивните желби. Додаваат дека не очекуваат драстична разлика во однос цените, па овој петок ќе го поминат како и вообичаено само на пазарот за да докупат намирници потребни за ладната зима.
Црниот петок е ден на големи попусти и распродажби, кој обично се паѓа во последниот петок од ноември. Овој ден го означува почетокот на празничната шопинг сезона, а попустите често се огромни, како во физичките продавници, така и преку интернет. И иако не се дел од нашата традиција, тие се дел од глобалниот концепт на потрошувачко општество, па затоа пред години стана обичај овде и навистина одлична можност да се купат празнични подароци навреме по пристојни цени.
Лаура Стојанова, М-Нет