Силекс со херојска победа над Шкупи, Вардар до бод во Охрид, Работнички убелив!

ФОТО: ФК Силекс

Прволигашите им се вратија на натпреварите после репрезентативната пауза, во рамки на 15. коло на „Билјанини Извори“, Воска Спорт и Вардар не успеаја да постигнат гол, па резултатот остана 0:0 и ги поделија бодовите.

Гостивар ја оствари својата минимална победа од 1:0 против Тиквеш, тим кој останува на последното место на табелата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Машике.

Силекс оствари убедлива победа од 0:2 против Шкупи на теренот на Чаир. Овој успех го стави тимот од Кратово на врвот на табелата, со исти бодови како и Гостивар – по 30.

Дарко Додев беше двоен стрелец за Силекс, погодувајќи во 8. и 44. минута.

Во Струмица, Брера и актуелниот шампион Струга Трим Лум одиграа 1:1. Димитар Тодоровски во 59. минута донесе предност за Брера, но само минута подоцна Укпа постигна израмнувачки гол.

Работнички се врати на победничката патека со голема пресврт победа од 4:1 против Беса. Октај Ракипи го отвори резултатот за 0:1, а Рашид изедначи на 1:1. Во второто полувреме, Гандо го доведе Работнички во водство од 2:1, а Регхба стави печат на победата со два гола.

Последниот меч од колото ќе се одигра вечерва во Битола, кога Пелистер ќе се соочи со Шкендија во дуел кој почнува во 17 часот под рефлектори.

Александар Ванев, М-Нет