
Денес на „Билјанини Извори“ Детонит Плачковица со 1:3 славеше победа над Охрид, во меч каде како што вели кормиларот на радовишани, штипскиот стратег Горан Здравков одиграче добар натпревар со одличен пристап, притоа во изјавата за М Нет телевизија истакна дека честитките одат за неговите играчи, а додаде и дека имале одлично судење.
„Денес на „Билјанини Извори“ одигравме добар натпревар против екипата на Охрид, моите фудбалери имаа одличен пристап, добра игра во текот на целиот меч. Јас сум задоволен од прикажаното на моите играчи. Имавме одличен енергија пред натпревари за време на истиот. Сите честкитки за денешната победа и освоените три бодови одат за моите играчи. Имавме супер дочек од домаќинот. Судиите беа на ниво, одлично судење во текот на целиот натпревар. Со мислите сме веќе на следниот натпревар против Башкими кој го играме на домашен терен“, рече Здравков во изјава за М Нет.
Во следното коло Детонит Плачковица дома ќе игра со Башкими.
Александар Ванев, М-Нет