35 милиони денари е вкупниот износ за предложениот план за програми за развој на Општина Штип за 2025 година

35 милиони денари е вкупниот износ за предложениот план за програми за развој на Општина Штип за 2025 година. Овој предлог план е за проектот, кои се однесува за продолжување на булеварот Партизанска, кој ќе овозможи зголемена безбедност во сообраќајот и олеснување на стоките и услугите во и од градот. Од страна на советници од општината истакнаа дека согласно законите градоначалникот на општината подготвува предлог план на програми за развој за период од три години од 2025 до 2027, а советот на општината го одобрува.

“Согласно член 29 од законот за буџетите во содржината се предвидува и трет дел покрај општиот и посебниот, односно развоен дел. Развојниот дел на буџетот ги содржи плановите за развој преку различни проекти. Градоначалникот на општината подготвува предлог план на програми за развој за период од три години од 2025 до 2027, а советот на општината го одобрува. Предложениот план на програми за развој, кој што е усвоен од страна на советот е составен дел на буџетот за 2025 година. Предложениот план за програми за развој на Општина Штип за 2025 година е во вкупен износ 35 милиони денари и се однесува на проектот за продолжување на булеварот Партизанска, кои ќе овозможи олеснување и зголемување на протоко на стоки и услоги во и од градот, зголемена безбедност во сообраќајот, уреден просор и тротоарски површини.“, истакна Трендафилова

Проектот и претходната година беше во планот за програми за развој, а досега истиот има и реализација и се работи за склучен договор којшто е во тек на реализација.

Инаку проектот е согласно член 29 од законот за буџетите . Предложениот план на програмата за развој е усвоен од страна на советот и е составен дел од буџетот за 2025 година, а со истите се очекува подобри инвестиции во градот под Исарот.

Лаура Стојанова, М-Нет