Уништен патот во село Софилари од камионите кои црпат песок од Брегалница, жителите реагираат

Револтирани жители од штипското село Софилари реагираат за уништен асфалтен пат кој води до самото село. Велат дека фирма која изнесува песок од самата река со камиони потешки од 30 тони предизвикало оштетување на патот преку кој тие минуваат секојдневно. Бараат надлежните да ги превземат своите решенија се со цел фирмата и селаните не бидат оштетени.

Анкетираните жители за М-нет истакнаа проблемот не е во црпењето песок, туку со уништувањето на нивниот пат, кој тие го користат секојдневно. Бараат овој пат да биде реконстуираат.

Во согласност со ситуацијата, од страна на одговорните лица на самта фирма велат дека тие имаат документација за да вршат ископ во река Брегалница. Истакнаа дека тие имаат договор со селаните по завршувањето на нивната работна активност да извршат реконструкција на овој пат се со цел никој да не биде оштетен, а обете страни бидат задоволни.

Лаура Стојанова, М-Нет