
На почетокот на наредната година ќе се знае дали студентите ќе добијат покачување наа студентскиот оброк од 140 на 160 денари или пак ќе се прошири опсегот. Министерката, Весна Јаневска, вели дека средства во Буџетот за студентите има, и дека заеднички со нив ќе се одлучи дали ќе се зголемат средствата за оброкот или пак опсегот.
„Во Буџетот има 18% повеќе средства за оваа година после ребалансот за студентски стандард однонсо околу 30 милиони евра. Нема дилема дека ние можеме да го покачиме и сме планирале да го покачиме студентскиот оброк, но сѐ уште разговараме со студентите затоа што тие имаа и некаква поинаква идеја. Сметаат дека за 140 денари можат да добијат во одредени маркети и одредени ресторани комплетен оброк, а дека би можело да се прошири опсегот. Тоа значи дека и студенти кои работат парт тајм, а се уште немаат одредена сума на финасии би можеле и тие. До крајот на годната ние тоа ќе го дефинираме и веќе во јануари конечно ќе се знае.“ – вели Јанвска.
Студентите имаат можност преку средсствата за студентиски оброк од 140 денари во одредени ресторани, маркети и продавници да си купат храна. Со инвестиции во образованието се помага на младите, а со тоа се прават и напори истите да се задржат дома, овде да студираат и да продолжат со работа и живот, вели Јаневска.
Лаура Стојанова М-Нет