72-годишник од Кочани присвоил автомобил на штипска фирма, заработи кривична пријава

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.С.(72) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 24.09.2024, пријавениот како закупец склучил договор со правно лице од Штип, со кој му било дадено на користење патничко возило „цитроен ц3“ со времетраење од два дена, кој по истекот на договорот го присвоил возилото и го користел без важечки договор.