Денес во државата се одбележа меѓународниот ден на студентите, според нив потребно е многу повеќе вложување во науката

Мегународниот ден на студентите 17 ноември, денес се одбележа низ неколку општини во државата. Денот за студентите е значаен поради тоа што се одбележува сплотено со сите универзитети на државно ниво. Студентите истакнаа дека најважен е квалитетот во високото образование, намалувањето на огромен број на студентски програми, како и промени кога станува збор за концептот на истите.

“Денеска се одбележува меѓународниот ден на студентите. Тој ден е значаен поради тоа што во 39 тата година стотици студенти биле затворени, а дел од нив и убиени во Чешка, кога нацистичкиот окупатор убива студенти се со цел да ги задуши поради нивниот револт, а денеска го одбележуваме обединети со сите студентски и универзитетски собранија во државата. За нас студентите е важен квалитетот во високото образование, наламување на огромен број студиски програми, промена во концептот на програмите,”,велат студентите

Недостасува многу повеќе вложување во науката, давање можност на студентите за да го искажат својот став, како и поголема регионална соработка, додаваат студентите.

“Недостасува многу повеќе вложување во науката, давање на можноста на студентите да го искажат својот став и поголема регионална соработка. Во програмата на универзитетското студентско образование оваа година е укинување на сите дополнителни давачки, затоа што според законот за образование, предвидува дека министерството за образование ги покрива трошоците.“, додаваат студентите

Инаку, Меѓународниот ден на студентите (17-ти ноември) во светот се одбележува како симбол на борбата за демократско образование и сеќавање на 17-ти ноември 1939-тата година кога нацистите погубиле 20 чехословачки студенти кои протестираа против окупацијата.

Лаура Стојанова, М-Нет