Победа над Фарски Острови со голот на Миовски, Македонија нижи победи и успешно ја заокружи Лига на нации!

ФОТО: ФФМ

Македонија со минимални 1:0 славеше над Фарски Острови и со победа го заокружи овој циклус во Лигата на нации. Бојан Миовски беше стрелец на победничкиот гол за македонската репрезентација.

Македонија ја има најдобрата Лига на нации, заврши на првото место со 16 бодови и сега ќе ќекаме исход од другите групи за баражот за пласма на следното СП.

Тешка беше победата против „Фараните“ исто како и против Летонија, само со еден гол во вториот дел од мечот, но доволно за победа и успешно заокружување на циклусот.

Александар Ванев, М-Нет